Македонија
4. March 2020 - 11:00

Двајца скопјани каснати од куче скитник

Вчера во 23.30 часот во Полициската станица Драчево, Т.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надлактица.

Претходно во 18.40 часот во Полициската станица Центар, Е.П.(27) од Скопје пријавила дека на бул.„Мајка Тереза“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.