Свет
24. December 2015 - 8:56

Двајца сириски тинејџери уапсени во Австрија поради сомнение за тероризам

Двајца сириски браќа тинејџери беа уапсени во бегалски камп во Австрија под сомнение дека се поврзани со терористичката организација Исламска држава. 

Обвинителството во Грац соопшти денеска дека двајцата браќа на возраст од 16 и 18 години се уапсени на 17 декември во близина на градот Лебринг и се ставени во притвор. 

Сигнал за ниво апсење бил испратен од Германија, каде властите го обвинуваат нивниот трет, поголем брат за членство во ИД. 

Едниот од уапсените е осомничен дека бил во редовите на ИД во Сирија, а другиот дека е член на Ахрах ал Шам, радикална групација, која дејствува претежно во северна Сирија.