Свет
30. October 2015 - 14:01

Двајца сириски новинари биле пронајдени заклани во турскиот округ Шанлурфа

Двајца сириски новинари се пронајдени заклани во турскиот округ Шанлурфа, на границата со Сирија, објави електронското издание на турскиот весник „Хуриет“. 

Убиствата се извршени со ловечки нож од типот Рамбо, а новинарите се пресечени во пределот на грлото.

Полицијата спроведува операција за пронаоѓање на сторителите. Досега се приведени седуммина Сиријци.