Македонија
14. March 2020 - 14:57

Двајца Руси се обиделе да ограбат банкомат во Скопје

Двајца руски државјани се уапсени откако биле затекнати како обиваат банкомат во Скопје.
 
Според информациите на МВР, синоќа во 02.52 часот на ул.„Лазар Трповски“  биле приведени Б.Ж.(35) и Д.М.(41) и двајцата од Руската Федерација, бидејќи биле затекнати како обиваат банкомат.
 
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.