Двајца повредени, од кои еден потешко, при сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино
Две лица биле повредени, од кои едното потешко, при сообраќајната несреќа која синоќа околу 19 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, информираат денеска од МВР.
Од МВР за МИА информираат дека во незгодата во месноста викана „Антена”, учествувале патнички автомобил и трактор со приколка, а двете возила биле со ист правец на движење.
- Што се однесува до автомобилот, станува збор за “форд ескорт” со кавадаречки ознаки, сопственост и управуван од С.А. роден 1964 во Неготино, жител на Кавадарци. Возачот бил телесно повреден. Тракторот бил со приколка, марка ИМТ 533, без регистарски таблички, управуван од Љ.К, роден 1996 година во Кавадарци. Трактористот се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР.
Увид на лице место извршиле полициски службеници по овластување од обвинителството од Кавадарци.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор