Свет
12. August 2015 - 8:41

Двајца поранешни ученици од Њујорк обвинети за заговор за помагање на ИД

Двајца поранешни ученици од Њујорк се обинети за заговор со цел да и помогнат на групацијата Исламска држава. 

Дваесет и еденгодишниот Мунсер Омар Салех и 20-годишниот Фарид Мумуни се во притвор од јуни.

Тие двајцата планирале да изработат бомба, користејќи лонец на пареа и за таа цел се информирале на интернет. Тие планирале да ја активираат експлозивната направа на некоја од знаменитостите во градот.

Се очекува ново судско рочиште за случајот на 20 август.