Двајца полициски служебници на дисциплинска - еве што направиле
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профисионални стандарди достави писмено известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција против полициски службеник, кој на 30.11.2019 во хотел во Скопје, додека не бил на должност, ги попречувал полициските службеници од ЕПОИ Алфа при преземањето на службените дејствија, со што постапил спротивно на член 2 став 3 и став 6 од Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.
Полицискиот службеник, кој не бил на должност и бил во друштво со контролираните лица во хотелот, со своето однесување и давање совети на контролираните лица да не дозволуваат да бидат легитимирани и да не дозволуваат да им се изврши преглед на возилата, ги попречувал полициските службеници од ЕПОИ Алфа при преземањето на службените дејствија, со што постапил спротивно на член 2 став 3 и став 6 од Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.
Во врска со истиот настана од 30.11.2019, на 15, 16 и 17.01.2020 од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профeсионални стандарди биле извршени проверки во Единица за насилен криминал СВР Скопје. На наведениот датум биле упатени закани кон полициски службеници од ЕПОИ Алфа при СВР Скопје за што на 02.12.2019 се поднесени материјали за примање на пријава по чл.144 од КЗ на РСМ „Загрозување на сигурноста“ во СВР Скопје од полициските службеници од ЕПОИ Алфа. По извршените проверки и увидот во службените материјали, констатирано е дека раководител на смена во ЕПОИ Алфа при СВР Скопје, кој бил присутен при контролата на 30.11.2019, не го документирал и не го пријавил на надлежните служби кривичното дело и прекршоците што се случиле во хотелот, туку целосното документирање и пријавување на настаните од 30.11.2019 го организирал на 02.12.2019, и тоа по барање на заменикот началник на ЕПОИ Алфа, со што постапил спротивно на член 11 став 2 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и спротивно на член 14 од Закон за Полиција.
Воедно, против двајцата полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профисионални стандарди, поднесени се иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден