Свет
9. February 2017 - 8:27

Двајца Палестинци убиени и петмина ранети во израелски напад со дрон

Двајца Палестинци загинаа и петмина се ранети на границата меѓу Израел и Египет во израелски водушен напад со беспилотно летало, соопштија од Хамас кои управуваат со Појасот Газа.

Претходно, телевизијата Прес-ТВ објави за инцидентот на својот Твитер налог. Од израелска страна нема потврда за воздушниот удар.