Двајца од уапсените Косовци признале дека планирале напад врз израелските фудбалери
Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана потврди дека од страна на нивните косовски колеги биле информирани оти двајца од деветтемина уапсени лица осомничени за тероризам, се согласиле да соработуваат со властите.
Како што јави дописникот на МИА, тие во детали го опшишале планот за напад на стадионот „Лоро Боличи“ во Скадар, каде требаше да се одигра фудбалскиот натпревар Албанија - Израел, прво со експлозив, а потоа и со огнено оружје.
Нападот, според нив, требало да го изведат Косовците во време на пристигнувањето на израелските фудбалери, а уапсените во Албанија, ќе биле дел од поддршката на теористите.
- Обвинителство во Тирана, официјално ќе побара да му се достават и имињата на сите инволвирани албански државјани во планот за напад разоткриен од интензивните прислушувања, не само од страна на албанските, туку и странските власти, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Според истиот извор, четворицата уапсени во Албанија одбиле да зборуваат, но во прислушуваните разговори и во постираните текстови на социјалните мрежи најавуваат напади многу набрзо.
Во координирана акција под сомнеж за планирање терористички напади, пред десеттина дена се уапсени девет лица во Косово, четири во Албанија и две во Македонија.
Поради опасност од терористички напад на стадионот во Скадар, фудбалскиот натпревар Албанија-Израел беше одигран во Елбасан.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација