Свет
6. January 2017 - 13:15

Дутерте се надева дека Русија ќе стане сојузник на Филипините

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се надева дека Москва ќе стане сојузник и заштитник на Филипините.

При посетата на два руски воени брода во Манила, Дутерте ја поздрави изјавата на рускиот амбасадор дека Москва е подготвена да ги снабдува Филипините со оружје и има за цел да стане близок пријател со оваа земја.

Дутерте планира во април да ја посети Москва.