Џет-Сет
16. December 2015 - 19:23

Дунавка има наследничка - Позната пејачка наместо срце направи… бубрег!

Откако интернетот во Македонија прегорe поради потегот на Дунавка на изборот за Мис гранд интернешнл, која наместо срце покажа нешто само за неа разбирливо и ја започна војната со познати македонски јавни личности, по се изгледа дека приказната добива и продолжение, пишува Република.

Имено медиумите во Србија случајно или не, ја открија првата наследничка на нашата Дунавка. Станува збор за пејачката Милица Павловиќ која наместо да направи со рацете симбол на срце направила нешто што медиумите го опишаа како форма на бубрег.

ana-kokic-milica-pavlovic

На Милица и помогнала колешката Ана Кокиќ која прво слатко и се изнасмеала, а откако видела дека не и оди решила и да ја научи како правилно се формира срце со рацете.

ana-kokic-milica-pavlovic2

Но, не е само Милица на листа на чекање на „срцофановите“ на Дунавка , тука се и Кеба, Сека Сабљиќ, Лепа Лукиќ, како и претседателот на Србија Томислав Николиќ.

dragan koik keba srce

lepa-Lukic-srce

seka sablik srce

nikolik pravi srce

Извор: Република.мк