Македонија
5. July 2022 - 14:33

ДУИ: Стоп на насилните антиевропски протести на проруските сили

Синоќешните слики на насилство, напаѓајќи ги институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот.

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии, затоа итно бара од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.

Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните.

После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци.

Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата.

Ние сме земја членка на НАТО и ќе го продолжиме европскиот пат, друга алтернатива нема!