Бизнис
12. February 2018 - 20:19

Државата ќе распредели 79 социјални станови

Државата ќе распределува  79 социјални станови за најранливи категории.  59 се за лица од социјален ризик, а 20 за оние со ниски примања. Огласот ќе биде објавен следниот месец. Целта да се помогне кров на глава да добијат вите  оние  на кои им е  најпотребно.

Од  становите за лица од социјален ризики најголем број се во Кочани, 39, потоа 10 има во Македонски брод, 3 во Прилеп, по два во Штип, Берово и Крива Паланка и еден стан стои празен во Кичево.

39 станови во Кочани

10 станови во Македонски брод

3 станови во Прилеп

2 во Штип , Берово и Крива Паланка

1 стан во Кичево

Од 20 те  станови кои се за лица со ниски примања, 7 се во Велес, 3 во Кратово и Кочани, 2 во Прилеп и по еден стан има во Крива Паланка , Дебар , тетово , Гостивар и Штип.

7 станови во Велес

3 во Кратово и Кочани

2 стана во Прилеп

1 стан во Крива Паланка, Дебар, тетово, Гостивар, Штип

За овие станови ќе можат да аплицираат деца без родители и родителска грижа корисници на социјалан и постојана парична помош, лица погодени од елементарни непогоди,инвалидни лица, членови на ромска заедница, самохрани родители.

Во следниот период се планира и изградба на  нови над 467 социјални станови во повеќе градови.