Бизнис
15. November 2015 - 19:13

Државата интензивно инвестира во изградба на патна инфраструктура

Над 400 милиони евра државата вложува во изгрдба и реконструкција на регионалните патишта. Во тек е градбата или рехабилитација на осум патни правци, а во наредниот период ќе почне работите на двојно повеќе.

Овие осум регионални патишта на кои се работи се со вкупна должина од 119 километри, а чинат 41,8 милиони евра.

„До крај на 2015 и во текот на 2016 година планирани се за изградба и реконструкција 16 нови регионални патни правци во должина од 276 км и проценета  инвестиција од околу 388 милиониевра“, изјави Груевски.

Во наредниот период меѓу другите ќе се градат патиштата Бошков мост - Дебар, Мелнички Мост - Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Делчево-Голак.

Во монетов на македонските патишта се работи како никогаш порано. Се градат три автотпати со должина од 155 километри. Почнува изгрдбата на експресни патишта со вкупна должина од 126 километри вредни 276 милиони евра. Меѓу нив се Градско и Прилеп, Велес Штип,  Штип и Кочани, Штип –Радовиш, Охрид – Пештани...

Владата годинава инвестира 7,2 милиони евра во локални патишта. На македонските патишта во моментов работат над 3000 работници.