Македонија
11. September 2018 - 14:33

Дрска кражба во Штип

Малолетник од Штип на дрзок начин ограби своја сограѓанка.

- На 10.09.2018 година околу 15.30 часот ул.„Пиринска“ во Штип 16-годишник извршил тешка кражба на дрзок начин над Е.П.(57) од Штип. Додека оштетената се движела по улицата и се доближил сторителот и со употреба на сила и одзел златно ланче  кое го носела околу вратот. По преземени мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода во присуство на работник од Центарот за социјални работи и било задржано во Полициската станица Штип, соопштуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.