Македонија
3. May 2018 - 11:23

Драма на Боемска улица во Скопје

Во 17 часот и 20 минути се одвивала драма на Боемска улица во Скопје.

50-годишниот М.Ј. од Скопје пријавил дека на улица „Боемска“ откако излегол од угостителски објект и се упатил кон неговиот моторцикл забележал две лица од кои едното имало палка во раката.

Нив ги познавал од претходно и имал недоразбирања, а ги видел како се движат кон него. Лицата физички го нападнале, а од страна на гости во објектот била спречена натамошна физичка пресметка.

Извршен е увид, се преземаат мерки за расчистување на случајот