ДПМ ги повикува своите членови да донираат книги
Друштвото на писателите на Македонија испраќа јавен повик до своите членови да донираат книги за помош на настраданите во поплавите во Скопје. Книгите можат да се донираат на пунктот во „Сити Мол“.
- Донирањето книги е скромен, материјален, но важен морален чин во овие тешки денови за настраданите во поплавите, но и за сите граѓани во државата, се вели во соопштението на македонската писателска асоцијација.
ДПМ ги повикува и издавачките куќи во Република Македонија да го прифатат апелот и да дадат свој влог во оваа акција.
Од Друштвото на писателите информираат дека се отворени и подготвени да учествуваат и со други форми кои ќе можат да ја ублажат болката на настраданите.
Со овој повик, ДПМ ја поддржува иницијативата на волонтерите од фб-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители