Бизнис
3. October 2019 - 16:36

Донесен Законот за покачување на платите во администрацијата

За 5 отсто повисоки плати за септември  ќе добијат  буџетарите. Со 82 гласа ЗА, Собранието го изгласа законот за покачување на платите во јавниот сектор. 

Претходно на расправата пратениците од ВМРО ДПМНЕ предложија наместо за 5 покачувањето да биде 10 отсто за да се надомести  неправдатата кон вработените.

Посочија дека  откако  СДСМ е на  власт ова е прво покачување, иако ветувале раст на платите  секоја година.

Од СДСМ пак  вратија  дека токму во времето на ВМРО - ДПМНЕ не се исполнувале ветувањата за покачување на платите. 

За септемрви повисоки плати ќе добијат 138 илјади работници. За повисоките плати во слендите три месеци од буџетото ќе бидат потрошени 10 милиони евра.