Македонија
25. March 2016 - 8:33

Донација за Институтот за трансфузиона медицина

Во Институтот за трансфузиона медицина-Скопје денеска ќе биде промовирана донација која се состои од опрема за подобрување на квалитетот на дарувањето крв, која е во вредност од 50.000 евра.

Донацијата е дел од проектот „Подобрување на едукативните стандарди во медицинската технолошка индустрија со воведување иновации во крвните банки".

Проектот е кофинансиран од Германската влада, SEQUA develoPPP.de и Lmb Technologie GmbH (Schwaig/Germany).

Опремата ќе придонесе за зголемување на сигурноста на крвта и крвните компоненти кои се употребуваат кај пациентите.