-->
-->
Доминација на Јуве против Болоња
-->
По бледата серија конечно Јувентус славеше во Серија -А совладувајќи ја Болоња во меч од 8. коло во досега најубедлив меч за тимот на Масимилијано Алегри, по трите меча без победа во домашниот шампионат.
До победата, овојпат, ги предводеше српското дуо Душан Влаховиќ-Филип Костиќ. Прво, Влаховиќ му асистираше на Костиќ во 24. минута за водство од 1:0, резултат со кој се отиде на пауза, по што во 59. минута, самиот Влаховиќ зголеми на 2:0 по асистенцијата на Вестон Меккени. Победата беше потврдена во 62. минута преку Аркадијуш Милик.
Со победата, Јувентус се искачи на седмото место на табелата со 13 поени, седум зад лидерите во Италија, Наполи и Аталанта, додека Болоња по вториот пораз во низа под новиот тренер Тијаго Мота, се наоѓаат на 17. место со само 6 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен