Балкан
26. October 2015 - 20:36

Домбровскис: Грција треба да заврши уште многу работа

Еврокомесарот за еврото и социјален дијалог Валдис Домбровскис изјави денеска во Атина дека Грција треба да заврши уште многу работа од тоа што е договорено со меѓународните кредитори и тоа за мошне кусо време. 

Домбровскис изјави дека Атина и кредиторите имаат несогласувања во однос на законот за заостанатите хипотеки, но оти има очигледна одговорност за постигнување на компромис во однос на критерумите за приходи и имот, врз основа на кои домовите на корисниците на кредит ќе бидат заштитени од конфискување како последица на долг. 

Еврокомесарот додаде дека Европската унија е подготвена, доколку е потребно да и достави дополнителна помош на Грција за справување со миграциската криза. 

Домбровскис пристигна во Атина на разговори со министрите за финансии и економија и со премиерот на Грција Алексис Ципрас во врска со спроведувањето на економските реформи, кои ги бараат меѓународните кредитори во замена за кредит од 86 милиајрди евра.