Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2019 - 16:35

Домаќинот Бразил со победа над Боливија го започна настапот на „Копа Америка“

Ноќеска во Бразил започна 46-тото издание на „Копа Америка“ или Јужноамериканското фудбалско првенство   На отворањето на шампионатот, во воведниот меч одигран на стадионот „Морумби“ во Сао Паоло домаќинот Бразил забележа победа над Боливија со 3:0. 
 
Откако првиот дел заврши без голови, во вториот два од трите гола за Кариоките ги постигна фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо. 
 
Најнапред во 50-тата минута, Кутињо успешно ја реализира најстрогата казна, а само три минути подоцна по асистенција на Фирмино истиот фудбалер зголеми на 2:0. 
 
Конечниот резултат 3:0 за Бразил го постави Евертон на пет минути пред крајот на натпреварот по прекрасната соло акција.
 
Ова беше натпревар од групата А во која вечерва од 21 часот по македонско време ќе играат селекциите на Венецуела и Перу
 
По, овој меч, точно на полноќ следува и дуел големото дерби од првото коло дуелот меѓу Аргентина и Колумбија селекции кои се во Б групата, во која ќе играат и Парагвај и Катар. 
 
Покрај Катарците, надвор од јужно-американскиот континент, на Копа Америка ќе настапи и селекцијата на Јапонија.