Живот
31. May 2017 - 13:32

Докторите им забраниле да бидат заедно: Кога ќе ја видите причината ќе сфатите зашто нивните родители го проколнуваат денот кога се запознале

Животот понекогаш пишува драми какви што можеме да очекуваме само на филмовите. Овој пар кои неодамна починаа биле смртно болни, но и смртно заљубени. Двајцата имале само 26 години, а нивната љубов била посилна од нивната болест, тешкиот живот кој го воделе, па дури и смртта.

Кога Кејти го запознала Далтон на Фејсбук, двајцата имале 18 години и боледувале од цистична фибриоза. Кејти не се двоумела да започне врска со Далтон, иако била предупредувана дека може потешко да се разболи.

Кејти и Далтон Прагер се венчале во 2011 година. Биле многу среќни и заедно ги поминале најубавите моменти во својот живот, иако тоа траело само 6 години.

Комуникација им било дозволено единствено само пеку нивните мобилни телефони, затоа што докторите предупредувале на можна инфекција. Сепак, Кејти изјавила дека апсолутно не се кае поради нивната врска:

- Со задоволство би живеела само пет години и би скала некого и би била потполно срќна, отколку дваесет години да бидам сама, ќе го сакам до последниот здив, без разлика што ми зборува моето семејство и доктори, изјавила очајната Кејти.

Далтон починал на 17 септември, а Кејти не можела да биде покрај него затоа што и самата била многу болна и лежела во својот дом во Флеминсбург во Кентаки. Последен пат се виделе во јули, за нивната петта годишнина од брак.

Кејти живеела само 5 дена повеќе од својот сопруг. Иако сите биле скршени од нивната смрт, нејзината мајка изјавила: „Верувам дека Далтон сочувал мест покрај себе за својата сопруга!“

КОга далтон починал, Кејти на својот Фејсбук профил напишала: „ Далтон долго и силно се бореше со цистична фибриоза. Беше храбар борец, а зборот „откажување“ не постоење во неговиот речник“.

Неговата мајка срцето и било скршено. На неговиот профил напишала: „Тоа е тоа. Ова е последен пат да го погалам твоето чело и допрам твоето совршено лице.“ А потоа се случило нешто пострашно.

Кејти во мир починала на 22 септември, 5 дена по смртта на Далтон. По сопствена желба, последните денови ги поминала во кругот на своето семејство, мајката, таткото, братот и своите кучиња кои ги обожавала. „Знам дека Далтон ја пречекал со раширени раце!“ додала нејзината мајка.

Причина за смртта и кај двајцата била компликација при развивање на цистичната фибриоза. Во случајот на Кејти трансплатацијата на белите дробови исто така била проблем. Таа некако знаела дека тоа е последна сабота дома, но не се плашела, Далтон и давал сила.

Не постои по потресна приказна од приказната на Кејти и Далтон. Во најлошите моменти на патење тие еден на друг си давале сила и меѓусебно се охрабрувале како би се соочиле со неизбежната смрт. Иако нивните семејства се скршени, нивното физичко патење завршило, а тие двајца се сега на подобро место, каде можат да бидат заедно засекогаш!

Ако биде напишана книга за нивните животи би завршила со реченицата: „Беа среќни заедно, во една прегратка цела вечност...“ изјавила Кејти во една прилика.

Приказната за Кејти и Далтон е пренесена во филмот „Криви се ѕвездите“. Околностите под кои тие двајца се запознале и нивниот однос имаат големи сличности со главните актери во овој филм.