Фудбал
4. December 2018 - 14:38

Договорено аргентинското дерби во Мадрид-картите распродадени

Фудбалерите на Ривер Плата прифатија да го играат  реваншот  од финалето во Копа Либертадорес  со Бока Јуниорс  па мечот ќе се одигра во Мадрид на Сантјаго Бернабеу во недела 9. Декември со почеток во 21ч.

            Ривер требаше да биде домаќин во реваншот на својот Момументал на 24.11 но мечот беше одложен поради дивеењето на навивачите.  Првата средба заврши 2-2.

            Веднаш потоа Бока одби да игра на Монументал и бараше натпреварот да се регистрира во 3-0 за нив.  Сепак по повеќедневни преговори  Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Комебол) го казни само Ривер со два меча играње на туѓ терен.

            За домаќин е избран Мадрид во конкуренција на Доха и Мајами затоа што голем број Аргентинци живеат и работат во Шпанија.

            За натпреварот се пуштени 80 000 влезници од безбедносни причини а двата клуба ќе добијат по 5000  за своите фанови во Аргентина кои веќе се продаваат поцена од 85 евра.  Останатите се продаваат во Мадрид.