Балкан
11. November 2017 - 10:15

Додик: Јас сум најпрогонуваниот човек во БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека го прислушуваат службите за безбедност на БиХ, и дека налогот да се „стави на мерки", е издаден на барање на Јавното обвинителство во Сараево, поради истрага иницирана која е покрената, но дека тој не знае каква.

Додик изјави дека добил известување од судот во Сараево дека  против него е преземена мерка прислушување, и вели дека тој е најпрогонуваниот човек во БиХ.

-Тоа не е ништо ново, бидејќи знам дека моите разговори ги следат најмалку десет агенции. Меѓутоа, овде станува збор дека некој суд на БиХ го прислушува претседателот на Република Српска и тоа е проблематично, изјави Додик за „Вечерње новости"

Додик рече дека не знае зошто судот испратил известување за тоа, но претпоставува дека се плашеле да не дознае на друг начин, а тоа ќе се претвори во голем проблем.

-Вака можат да речат - ете, ве информиравме, додаде тој.

Тој вели дека ова веќе не му е проблем и оти помалку се забавува со тоа.

- Не знам зошто ме прислушуваат, кога отворено зборувам дека се залагам за самостојна Република Српска, вели претседателот на Српска.

Додик рече дека започнувањето на истрагата против него не е изненадувачки, бидејќи станала вообичаена практика.

Секогаш кога некој пишува во „Дневни аваз“ дека Додик е криминалец, обвинител отвора истрага. Јас сум најпрогонуваниот човек во БиХ, вели тој.