Балкан
2. January 2018 - 9:55

Додик: До 15 февруари ќе усвоиме декларација за опстанок на Србите

 Текстот на заедничката декларација на Република Српска и Србија „за опстанокот на Србите“ е усогласен и два парламенти ќе го усвојат до 15 февруари - Сретение Господово, кога се одбележува Денот на државноста на Србија, најави претседателот на Република Српска, Милорад Додик. 
 
- Формалниот документ ќе биде именуван Анекс на договорот за специјални и паралелни врски, бидејќи ние сакаме двата парламенти да го усвојат и да го потпишат. Тој документ е готов. Кон средината на февруари е Сретение Господово и Денот на државноста на Србија. Неколку дена претходно парламентите ќе ја освојат декларацијата, а на Сретение Господово ќе ја промовираме. Тоа е дефинитивен договор, нагласи Додик. 
 
То наведе, дека работната група составена од голем број експерти, веќе го усогласила текстот на документот и тој е подготвен.