Loading Video...
Спорт плус
12. November 2019 - 16:18
Доделени признанијата „13 Ноември“ во областа на спортот
Повод денот на ослободување на градот Скопје, денеска беа доделени признанијата „13 Ноември“ во областа на спортот
Маратонскиот пливач Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска се годинешните добитници на наградата „13 Ноември“ во областа на спортот.
Поп Ацев и годинава беше најдобар на светската ранг листа во маратонско пливање, додека Заборска признанието го доби со освојувањето на сребрениот медал на Универзијадата во Португалија, ни и бронзениот на младинските олимписки игри во Азербејџан.
Билјана Црвенковска која минатата сезона беше дел од тренерскиот штаб на европскиот шампион РК „Вардар“ кој покрај европската ја освои и СЕХА лигата, ги понесоа признанијата за најдобар тренер и најдобра екипа.
Посебни признанија за животно дело добија: Александар Домлевски, Андреја Јовановски, Димче Јосифовски, Ѓорѓи Ајановски-Џоџо и Иван Лесевски.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->