Македонија
9. December 2015 - 17:48

Доаѓа сув студ: Температурите и под минус 10, снег оваа година нема да видиме!

Снег оваа година, а најверојатно и оваа зима ќе може да видиме само на планините. Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, следи благо зголемување на температурите.

Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе имаме температури од 10 степени под нулата, а во главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 степени во Скопје а во појужните делови и до 15 степени.