Македонија
23. August 2019 - 13:33

До вторник топло и нестабилно време

Од утре до вторник под влијание на топла воздушна маса продолжува топлото време, но во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Синоптичарите најавуваат локално поинтензивни процеси во форма на невреме и појава на град.

Минималните температури утре ќе достигнат до 21-тиот степен, а максималните до 38-тиот степен. Поголеми промени во утринските и дневните температури не се очекуваат до вторник.