Македонија
25. September 2021 - 11:48

До понеделник сончево и топло, од вторник посвежо и дожд

До понеделник ќе преовладува претежно сончево и топло време со температури до 33 степени, соопшти УХМР.

Од вторник ќе настапи значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Дневните температури значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.