Македонија
16. јуни 2020 - 11:58

До крајот на неделата променливо време со дожд и ветер попладне

Променливо облачно време со локална нестабилност во попладневните часови ќе преовладува до крајот на неделава. Преодно стабилизирање ќе има в петок, а в сабота повторно услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат високи и ќе се движат од 23 до 33 степени. В петок се очекува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, но дневната температура ќе се искачи до 33-тиот степен.

И за денеска попладне, според УХРМ, ќе биде на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје доцна попладне се очекува локален дожд и засилен ветер.