До 14 јуни отворен регионалниот конкурс за краток расказ на Бибер
Во тек е регионалниот конкурс за краток расказ на тема помирување, во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001.
Конкурсот го организира тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград. Повеќе информации за условите на конкурсот и за наградите се објавени на страницата на Бибер: biber.nenasilje.org.
Организаторите ги повикуваат сите автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски и на српски јазик да ги пратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори, но и на оние кои досега немаат објавувано.
Конкурсот е отворен до 14 јуни 2017. Авторите на трите најдобри раскази ќе добијат парични награди. Во жирито се Татјана Громача, Фарук Шехиќ и Ким Мехмети.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет