Македонија
29. March 2019 - 16:24

Директорот на Заводот за статистика уверува - нема да има злоупотреби на пописот

Комбиниран метод на прибирање податоци ќе применува Државниот завод за статистика во спроведувањето на пописот на население.. Директорот на институцијата вели дека на тој начин ќе се спречат евентуални злоупотреби при најобемната статистичка операција.. Освен теренско попишување, статистика ќе користи и бази на податоци кои ги поседуваат останатите институции..

„Во однос на стравувањата дека ќе има какви било злоупотреби во овој дел, нека не се плаши никој со оглед на тоа што во овој попис ќе се користи т.н комбиниран метод. Се ќе се проверува ќе користиме и регистри, се ќе се провери и нема да може да се протне никој што не е единица за попис“, вели Апостол Симовски, Директор на Државен завод за статистика.

Од статистика велат дека на претстојниот попис лицата кои живеат во странство ќе можат и сами да се попишат преку интернет страницата на Државниот завод.. Тие кои нема да ја користат таквата можност, нивните податоци ќе се прибираат од нивните членови на семејствата кои се наоѓаат  во земјава..

„Немаме статистика колку наши државјани живеат во странство и е невозможно да се следат иселувањата, бидејќи никој не го регистрира своето иселување и поради тоа овие лица се вклучени во процесот. Ние како институција добиваме информации за секое раѓање на дете на наши државјани во странство, но и за лицата кои починале во странство. Така што се се проверува“, вели Симовски.

Пописот на население е предвидено да се реализира идната година во април.. Пописниот лист ќе содржи и поле за етничка припадност..