Свет
25. September 2022 - 19:05

Директорот на Фајзер се зарази со Ковид по втор пат за два месеци

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.    

– Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла. Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“. Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер. – Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, според најновите податоци.