Директорот на Бајонтек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот
Директорот на германската фирма БиоНТек, Угур Сахин, изрази убедување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американски Фајзер ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот што се појави во Велика Британија.
Сахин рече дека БиоНТек ќе ја испита мутацијата на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудува ситуацијата“.
Земјите ширум светот продолжија да ги затвораат границите со Велика Британија поради страв од новата варијанта на коронавирусот, кој се шири до 70 отсто побрзо од досегашниот.
Откажувањето на летовите доведе до хаос во сообраќајот и ја зголеми можноста за недостиг на храна во Велика Британија.
Изјавата на Сахин е во согласност со ставот на Светската здравствена организација дека нема причина за голема загриженост и дека новата варијанта на вирусот е вообичаен дел од еволуцијата на пандемијата.
Непосредно пред изјавата на Сахин, Европската унија даде одобрение за употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, чија дистрибуција ќе започне по католички Божиќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
-

Јавните претпријатија тонат во долгови и трупаат загуби
-

Загрижени родители со петиција за забрана и строго регулирање на социјални мрежи за деца под 16 години
