Loading Video...
Фудбал
25. September 2022 - 11:32

Директните дуели Португалија - Шпанија и Норвешка - Србија ќе решаваат за 1.место во групите

 
Во најдобрата А конкуренција, последното коло односно дуелот меѓу Португалија и Шпанија закажан за во вторник ќе решава која селекција ќе го освои 1.место во групата 2. 
 
Ова откако Португалија со убедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Чешка, додека Шпанија беше непријатно изненадена на домашен терен од Швајцарија од која загуби со 1-2. Така сега Португалците се први со 10, а Шпанците втори со 8 бодови. 
 
Исто ќе биде и во 4 група од Б конкуренцијата. 
Норвешка и Србија во меѓусебниот дуел во среда ќе решаваат која селекција ќе ја освои првата позиција. 
 
Норвежаните иако имаа предност од 1-0, сепак загубија со 2-1 на гостувањето кај Словенија, додека Србија, по негативата од 0-1 во дуелот со Шведска, предводена од Митровиќ кој впиша хет-трик, на крајот славеше убедлива победа со 4-1, па двете репрезентации сега имаат идентични 10 бодови.