Македонија
17. December 2016 - 17:31

Димовски за СИТЕЛ: Ако ВМРО излезе на улица состојбите може да излезат од контрола

Кампањата на Зоран Заев беше како да возите кола со два волани. Едниот вози лево- пред Албанците и вика ќе ви дадам двојазичност кантонизација и така натака, и другиот волан кој вози кај Македонците и вика- не каква двојазичност, каква федерализација. Не дај боже да дојде во ситуација тој да одлучува, ќе треба или едниот или другиот волан да вози. Секако кој волан и да вози ќе значи палење на државата.

Ова го истакна Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во Вестите на ТВ Сител.

-ВМРО не е само партија, ВМРО е организација која има и длабока идеологија. Не би сакал да го видам ВМРО на улица, заради тоа што мислам дека тоа нема да е добро. Состојбите тогаш може да излезат надвор од контрола, а за да не се случи тоа треба да водат сметка сите оние кои сега во овие неколку дена се обидуваат да го направат тој постизборен инженеринг и да ја смената волјата на граѓаните.

Во продолжение погледнете го целото гостување на Димовски во Вестите на Сител.