-->
-->
Димовски: Имаме обврска да ја заштитиме Македонија за нашите идни поколенија
-->
Носителот во Изборната единица 3, Илија Димовски и кандидатот за пратеник Емил Димитриев денеска остварија средба со граѓаните на Македонска Каменица, на која се зборуваше за новите проекти од програмата „Реално“.
Димовски пред граѓаните на Македонска Каменица истакна дека треба да му се заблагодариме на Заев што пред време ги кажа сите црни сценарија за двојазичност и за уништување на Македонија и додаде дека народот сега е свесен што планира Заев и ќе застане зад својата држава и ќе ја одбрани.
-Над 93% од македонскиот народ се изјасни дека е против двојазичност и на овие избори мораме да се обединиме против сите сценарија, односно имаме обврска да ја заштитиме Македонија и нашите идни поколенија, вели Димовски.
Димовски додаде дека Зоран Заев ја има заборавено цела Источна Македонија и дека во Македонска Каменица се гради само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
Воедно носителот во ИЕ3 се осврна и на проектот Рурални развојни зони кои како што кажа ќе допринесе за сите странски и домашни компании да инвестираат надвор од градовите односно во селата и другите помали населени места.
На крајот Димовски додаде дека ќе продолжи изградбата на нови автопати, магистрални и локални патишта во овој дел од Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот