Димитров: Предупредував дека дипломатската нота за краткото и долгото име е грешка
Поранешниот шеф на македонската дипломатија и вицепремиер за европски прашања Никола Димитров во гостувањето на Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека отстапките кон Бугарија од новата македонска Влада се токму тоа на што предупредувал откако беше разрешен.
-Едно од конкретните работи што ги споменав беше токму таа дипломатска нота до Обединетите нации неколку дена пред тоа да се случи, немајќи до крај потврдени информации. Што на некој начин ми ги потврдува тезите дека можно е да се брза. Напуштен беше еден важен заеднички став на претходната Влада. Тој беше: „Ништо не е договорено, додека сѐ не е договорено“. Затоа не може едно по едно работите да се спроведуваат, рече Димитров.
Вели дека од меѓународни партнери добил „извесни сигнали“. Меѓутоа, рече дека претходниот став бил дека станува збор за пакет.
-Некои работи нам ни се важни, некои работи им важни на Бугарија, на соседите. Овие елементи, ако ги тргаме еден по еден, ќе биде многу потешко потоа да направиме компромис, вистински, европски и достоинствен. Вторникот потврди дека само македонската страна направи отстапка, давајќи нешто што Бугарија го бара веќе подолго време. Инаку, јавноста треба да знае дека во нотата со којашто Бугарија го спореше краткото име, само една четвртина се бави со краткото име, три четвртини се бават со македонскиот јазик. До ОН, до сите земји-членки и до нас. Ние сега одговоривме во делот на краткото име. Затоа беше важно, таа нота да се упати кога и нашите позиции за македонски јазик ќе бидат потврдени, кога ќе биде целиот пакет договорен, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна