Димитров: Пораките на охрабрување не се доволни, ни треба одлука за преговори со ЕУ
EУ мора наскоро да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија, истакнува шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за АФП предупредувајќи оти не се доволни пораките на охрабрување по октомврискиот состанок на Европскиот совет на кој не беше донесена одлука за старт на пристапниот процес.
– Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид – во јуни 2018, јуни 2019 и во октомври годинава, изјави Димитров.
Неопходно е, нагласува тој, да биде донесена одлука што ќе им даде вистинска надеж на луѓето дека Европа е сериозна во однос на нашата европска перспектива.
АФП потсетува дека ЕК и другите институции на ЕУ јасно кажале дека Северна Македонија ги исполни сите услови и задачи што и беа зададени и оти треба да почне преговори за членство, но на Самитот на ЕУ на тоа се спротивстави Франција.
За француското вето, Димитров вели дека право на Париз е да отвори легитимна дебата за пристапниот процес, а Северна Македонија е подготвена да го прифати тоа и да биде подложена на дополнителен надзор вклучувајќи го принципот на реверзибилност.
– Ние избегнавме да ја повториме таа грешка. Остануваме фокусирани на целта. Во наредните неколку недели сакаме да постигнеме дополнителни реформски резултати кои ќе го зацврстат нашиот случај и ќе направат да стане невозможно ново „не“ од земјите членки на ЕУ, истакнува Димитров.
Следната можност да се поправи грешката и да биде донесена одлука за старт на преговорите со Скопје и Тирана, е Самитот на ЕУ лидерите во Загреб на 6 и 7 мај наредната година.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари