Димитров на состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РM-ЕУ во Стразбур
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - Европска Унија.
Како што соопшти МНР, Мешовитиот парламентарен комитет е форум на меѓу-парламентарна соработка предвиден со Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.
Министерот Димитров ќе има излагање во рамките на воведната сесија „Размена на мислења со Владата на Република Македонија, со Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (EEAS) за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.“
Предвидено е министерот Димитров да оствари и средби со пратеници во Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени