Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи сите политички партии и субјекти
Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи политичките субјекти во Куманово, рече на денешната прес-конференција
– Оваа беше борба на Давид и Голијат, во која граѓанскиот концепт ги победи сите политички субјекти и партиите, успеа да отпочне со демонтажа на еден веќе монтиран систем којшто прави груба злоупотреба на системот во партиско-политички цели. Кумановци и ние тоа го игнориравме и заедно успеавме, рече Димитриевски.
Тој најави дека и во наредните денови ќе ја побараат поддршката од граѓаните.
Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека поднел претставки до меѓународните мисии и набљудувачи, но не и во МВР, бидејќи, како што посочи, не и верува и не успеал да обезбеди докази.
Тој обвини за делење помош, агитирање, уцени, но кажа дека граѓаните го препознале и ќе го казнат таквото однесување на 31 октомври.
Носителката на листата на иницијативата „За Наше Куманово“, Ивана Ѓорѓиевска рече дека освоиле осум советнички места и се заблагодари за поддршката на граѓаните.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот