Димитриевски: Ги обединуваме сите граѓани, „За наше Куманово“
Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски денеска ги повика кумановци да се обединат и да го поддржат. На 31. октомври, пишува Димитриевски ќе победат граѓаните за модерно, чисто Куманово.
– Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги обединува сите. Ова е концепт на слободна мисла, без притисоци, одлуки по сопствено убедување! Концепт на слободни граѓаните. Биди на страна на граѓаните, излези на 31-ви октомври и гласај, за мое, за твое и за наше Куманово, кажа Димитриевски.
Во следниот мандат, тој најави реализација на повеќе од 800 проекти со кои, нагласува, ќе се подобри квалитетот на живот на сите кумановци.
-На 31-ви октомври изборот е едноставен. Во недела победуваат граѓаните и идејата за модерно, чисто и модерно Куманово“, порача независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација