Ракомет
4. April 2022 - 19:57

Дибиров: Време е за разделба со Вардар

Тимур Дибиров нема да го продолжи договорот со Вардар 1961. 38-годишниот ракометар, во подкастот на „Само ракомет“, откри дека ова е неговата последна сезона во црвено-црниот дрес.
 
„Сакам да објавам дека ова е последната сезона во Вардар. Би сакал да победиме во Битола, да ја освоиме титулата и на тој начин да се простам со Вардар“, вели Дибиров за „Само ракомет“.
 
Тимур Дибиров во Вардар пристигна во 2013 година, со црвено-црните два пати ја освои титулата во Лигата на шампионите.