Живот
3. October 2015 - 21:21

Девојки не очајувајте по него - Еве како да го натерате да стори сè за вас?

Што се случува во група жени? Тие си даваат комплименти меѓусебно. Што се случува во група мажи? Тие се исмејуваат еден со друг преку зајадливи коментари. Тоа е разликата меѓу половите позната уште од времето на мажот со лакот и стрелата и жената со кошницата за овошје.
 
Слично и во врските, жената е таа што постојано се труди и дава, а мажот во својата комфорна позиција повеќе да прима. Меѓутоа, проблемот се јавува кога жената веќе не може да ја поднесе ситуацијата кога добива многу малку за возврат или речиси воопшто.
 
Но не очајувајте! Сепак, постои начин како од вашиот маж да добиете се што ќе посакате.
 
Побарајте го тоа што го сакате…
 
Треба конкретно да побарате што сакате, тој не може да ви ги прочита мислите. Прашањето нека биде позитивно и нагласете што сакате, а не што не сакате.
 
Користете го јазикот на акцијата и кажете што сакате да стори, а не како да се чувствува. Бидете реални и нешто големо разбијте го во мали чекори и започнете со тоа што може да стори тој следната недела.
 
Прашајте повеќе од еднаш…
 
Мажите не се способни за мултитаскинг како жените, па ако побарате нешто од него додека тој е зафатен тој може и воопшто да не ве чуе. Но тоа не е дека не ве сака, туку поради тоа што вашиот мозок функционира поинаку од неговиот.
 
Кога барате нешто што не го сака од него, ако го побарате повеќе пати тој ќе сфати дека сте сериозни во врска со тоа и дека нема да заборавите.
 
Користете го вистинскиот начин…
 
Со напади, критики и обезвреднувачки коментари нема да го добиете тоа што го сакате од него. Само ќе стане дополнително отпорен, а вашиот брак ќе го одведете во слепа улица. Прашајте го фино и културно, без напади и критики.
 
Мотивирајте го…
 
Позитивното засилување секогаш е поефективно од казнувањето со навреди и закани, ова особено важи за бракот. Мажите се едноставни, тие одговараат на награди и пофалби.
 
Понекогаш жените ги наградуваат мажите, но за некое неочекувано добро дело, а кога се секојдневните мали работи подзабораваат. Ако го наградувате за големите, но и за малите работи тој ќе биде помотивиран да ги прави двете.
 
Споменете му дека и тој ќе има корист од тоа…
 
Мажите се така дизајнирани за секогаш да се прашуваат „што има тука за мене?“. Па или можете да се карате или да го искористите ова во ваша полза.
 
Потсетете се на така наречените прекрасни денови која тој пешки ве испраќаше до дома и беше личност која „дава“. Вие го бакнавте за добра ноќ и си заминавте, значи веќе сте знаеле како да комуницирате со него, само не сте размислувале за тоа тогаш. Во оваа ситуација тој го правел сето тоа бидејќи имало нешто и за него тука – сакал да ве одведе во кревет, но вие сте ја диктирале ситуацијата на начинот кој вам ви одговара.