Девојче почина поради предизвик на ТикТок, започната истрага во Италија
Јавното обвинителство во Италија започна истрага поради смртта на 10-годишно девојче, кое учествувало во т.н. „игра на задушување“ на социјалната мрежа ТикТок.
Неколку часа откако се дознало за смртта на девојчето, што предизвика гнев низ целата земја, Бирото за заштита на податоци во Рим одлучи ТикТок, доколку не може со сигурност да ја провери возраста на корисниците, да биде блокиран најдоцна со 15 февруари.
Иако според правилата на ТикТок корисниците не можат да бидат помлади од 13 години, компанијата не го спречила девојчето од 10 години да креира свој профил, соопштија италијанските власти.
Девојчетот од Палермо се заклучило во тоалетот и снимало со телефонот додека појасот од бањарката го стегала околу вратот, учествувајќи во предизвикот на ТикТок, чија цел било колку е можно подолго да се издржи без воздух. Нејзината петгодишна сестра ја пронашла во бесвесна состојба. Докторите се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат.
Јавното обвинителство во Палермо покрена истрага поради поттикнување самоубиство.
Италијанските власти наведуваат дека на платформата ТикТок и „недостасува доволно внимание за заштита на малолетниците“ и го осудија лесниот пристап преку кој децата можат да се пријават на апликацијата.
Платформата за споделување видео содржини е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс и е многу популарна меѓу тинејџерите во светот. Во Европа има околу 100 милиони корисници.
– Безбедноста на ТикТок заедницата е наш главен приоритет. Подготвени сме во секој момент да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на девојчето, соопшти ТикТок.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар