Живот
16. December 2019 - 10:36

Девојче (7) херој: Ја спаси својата мајка која имала епилептичен напад, еве како

Џесика (7) од Велика Британија стана хероина откако ја спаси својата мајка, пружајќи и прва помош.

Во моментите кога се одвивала драма, таа на својата мајка, која добила напад и паднала на земја и се доближила и и истурила чаша вода на лицето за да се освести.

Потоа девојчето почнало со давање прва помош.

Кога се обидела да ја добие Итната помош, сфатила дека и треба отисок од прстот на мајката и некако успеала да го отклучи телефонот.

 

„Кога се освестив, ги видов лекарите околу себе и Џесика беше испаничена. Толку сум горда, таа е едно храбро девојче. Знам дека тоа беше стресно за неа, но успеа да ме спаси“, рече мајката.

Подоцна во болницата, откриено е дека мајката на Џесика, Беки има епилепсија.

„Ја прашав: ’Како знаеше што треба да направиш?’“ - раскажа Беки.

“Таа ми рече: ’Видов како некој тоа го направи на ЈуТјуб’. Уште не можам да верувам дека го направи тоа“, рече нејзината мајка.

Џесика доби награда за храброст од училиштето, и сака да стане лекари или медициснак сестра кога ќе порасне.