Македонија
8. August 2015 - 14:29

Деветгодишно девојче поврдено од залутан куршум во Скопје

Вчера година околу 16,00 часот во градската општа болница „Св.Наум Охридски“-Скопје, била донесена повредена 9-годишната А.М од с.Брњарци-Скопје, со прострелна рана во пределот на рамото.

Настанот по кажување се случил во вторникот околу 16,00 часот додека истата играла во дворот на семејната куќа. По извршената интервенција зрното било извадено, а лицето задржано за понатамошно лекување.