Македонија
5. јуни 2018 - 9:14

Девет сообраќајки во Скопје, една со тешки телесни повреди

На територија на град Скопје во изминатото деноноќие се случиле девет сообраќајни несреќи во кои една е со тешки телесни повреди, во три учесниците се здобиле со телесни повреди, а пет се само со материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 61 возач се движеле со поголема брзина од дозволената, 44 возачи биле исклучени од сообраќај од кои осум поради управување под дејство на алкохол, 23 без стекнато право на управување со моторно возило, шест возачи почетници...

Од сообраќај полицијата исклучила 20 возила и тоа три поради технички неисправност и 17 зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 234 возила, а пајак службата подигнала 73 возила.