Македонија
21. September 2018 - 16:31

Детско катче во затворот во Штип

Штипскиот затвор е прв коЈ отвори катче за децата на осудените лица. Согласно препораките на Советот на Европа донесени годинава, секоја казнена институција во државата треба да има ваква просторија, каде би престојувале децата при посета на своите родители. 

- Сакаме со ова да покажеме дека ние како Управа и управите на затворите се стремиме кон европската заедница и затоа правиме максимални напори, притоа водиме сметка за функционално трошење на буџетот кој што е ист како и претходните години-изјави Јовица Стојановиќ, директор за изрекување на санкции.  

Ресоцијализацијата е најважан процес при издржување на затворската казна, кој ќе овозможи осудениците по излегување од инстиуцијата да се инкорпорираат во општественото живеење. Тоа би било невозможно доколку не се обезбеди емоционално, психолошко и социјално закрепнување на осуденото лице.

- На овој начин, барем во мала мера, ќе ја надополниме празнината во животот на дечињата, која настанува како резултат на отсуството на еден од родителите-изјави Мики Тодоров, директор на затвор во Штип. 

- Не е мал број на случаеви, да тие исти деца во раната возраст, кога посетуваат казнено поправна установа, односно кога одат во посета на своите родители, самото присуство во затворот го доживуваат трауматично, анксиозно, полно со страв и стрес-изјави Мавриди Капричаров, раководител на сектор за ресоцијализација - затвор - Штип. 

Во Македонија се претпоставува дека има помеѓу 3500 и 4000 деца чиј родител е на отслужување казна затвор.